| четврток, 6 декември 2018 |

Нов масакр во воена база во САД – четворица убиени, 16 ранети

fort-hood-shooting

Четворица се убиени, а 16 луѓе се ранети во нов масакр во американската воена база „Форт Худ“ што се случил вчера попладне под сè уште неразјаснети околности.

Според американските медуми, нападот го извршил 34- годишниот војник Иван Лопез со непознато оружје. Не се знаат ниту неговите мотиви за масакрот. Лопез наводно на крајот си го одзел животот. 

Пукотницата почнала во болничкиот центар што е во рамки на базата, кој веднаш бил блокиран, по што веднаш е покрената потера по напаѓачот со сите расположиви сили меѓу кои и бројни специјалци и агенти на ФБИ. 

fort hud masakr

– Сите следиме внимателно. Ситуацијата се менува од час во час. Само сакам да укажам дека до детал ќе дознаеме што точно се случило. Срцето ни се крши кога слушаме дека повторно се случило нешто вакво – изјави американскиот претседател Барак Обама неколку часа по ужасниот чин.

Во „Форт Худ“ во 2009 година, исто така, се случи тежок инцидент кога воениот психијатар Нидал Малик Хаса уби 13, а рани триесетина луѓе. Тоа беше најкрвавиот масакр од ваков вид во некоја воена институција во САД. Напаѓачот тврдеше дека го направил делото за да ги заштити талибанците од американските војници во Авганистан. Судот го осуди на смрт, но пресудата уште не е извршена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top