| четврток, 6 декември 2018 |

Реал и ПСЖ сигурни на свој терен, „специјалниот“ со минус 2 гола си оди дома

Сигурни победи на домаќините во лигата на шампионите вечерва. Реал Мадрид со лесни 3:0 ги победи милионерите од Дортмунд на Сантијаго Бернабеу.

Головите за Реал ги постигнаа Бејл во третата, Иско во 27 минута, а победата ја запечати Роналдо во 57 минута во вториот дел.

Рано постигнат погодок имаше и на Паркот на принцовите во Париз каде што ПСЖ победиЧелзи со 3:1.

Домаќините поведоа во третата минута со голот на Лавеци, по што гостите од Лондон изедначија во 27 минута со голот на Хазард од пенал.

Во вториот дел ПСЖ поведе преку автоголот на Давил Луиз во 61 минута, а конечниот исход го постави Ксавиер Пасторе со одлична индивидуална акција во последната минута на продолжението кога по одличен дриблинг го совлада голманот на Челзи Петар Чех.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top