
Зоран Поповски, претседателскиот кандидат на ГРОМ, вечерва во Штип порача дека е време за нова политичка опција. На младите кои не се вработени им порача да се откажат од сонот наречен јавна администрација и да се свртат кон претприемништвото, да произведуваат и продаваат македонски производи.
– Ајде да почнеме да веруваме во нови вредности, да веруваме во квалитетот – рече Поповски.
Тој истакна дека е дојдено време народот да се обедини, бидејќи му е потребна нова политичка опција. Исто така оцени дека е дојдено време народните пари да не се трошат, туку да се користат.
Македонија, како што рече, не е богата држава за парите да се трошат на минатото, туку треба да се вложува во сегашноста, во нови автопатишта, термоелектрани, хидроелектрани и нови работни места.
Лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски ја претстави партијата како претставник на граѓаните и заштитник на послабите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


