| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарија воведе ограничување за финансиските трансакции на Русите

швајцарија знаме

Швајцарската Влада воведе ограничувања за финансиските трансакции на територијата на Конфедерацијата за 33 официјални руски претставници, против кои ЕУ претходно воведе санкции заради позицијата на Москва кон Украина, јави агенцијата ИТАР-ТАСС.

Федералниот совет на Швајцарија посочува дека овие лица нема да можат да ги користат „швајцарските финансиски посредници“ за нови зделки. Овие лица нема да можат да префрлаат какви и да било средства, што ги чуваат надвор од ЕУ во швајцарските банки.

Овие мерки имаат за цел „да не се создаде впечаток дека швајцарскиот финансиски центар може да ги искористи санкциите на ЕУ, посочува Федералниот совет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top