Денеска е втори април, Светскиот ден на аутизмот кој беше одбележан и во Македонија, во дневниот центар за деца со аутизам, во органзиација на Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХР и аспергеров синдром „Во мојот свет“ – Скопје и Министерствтото за труд и социјална политика.
Министерот Диме Спасов заедно со децатта со аутизам симболично го одбележа овој ден редејќи голема сложувалка, симбол на аутизмот со што на децата и нивните родители им покажаа дека не се сами во нивната секојднeвна борба со аутизмот и дека МТСП се грижи и за оваа категорија на лица.
Идејата за посебен центар за децата со аутизам потекнува уште од пред 20 години за да конечно пред еден месец овие лица да добијат свое катче во кое ќе бидат згрижени и ќе имаат креативно едукативни актвности.
Со ставањето во Функција на овој Дневен центар, чие што основно начело на работа е индивидуалната работа и апликација на посебни програми наменети за деца со аутизам, се разреши долгодишниот проблем.
-Капацитетот на Центарот за деца со аутизам изнесува од 10 до 15 деца со можност и интенција тој капацитет да се зголемува. Овој капацитет овозможува една квалитена грижа на децата со аутизам и обезбедува еден индивидуалeн третман и пристап на секој корисник поединечно. Во Дневниот центар за аутизам работат професионалци, вработени се логопед, психолог, дефектолог и неговател, истакна Билјана Јарчевска, директор на Центарот за социјални работи во Скопје.
Во моментов дневниот центар го посетуваат 5 дечиња каде што добиваат комплетен третман, а на родителите им се нуди стручно консултативна помош во однос на сите развојни потреби на децата.
Центарот располага и со сензорна соба во која се спроведува програма за сензорна интеграција која, според искуствата во досегашните работи со вакви деца, давала одлични резултати во нивниот третман.
Дневниот центар за деца со аутизам, кој е прв од ваков вид во Македонија, е сместен во објектот на Заводот за рехабилитација на деца и млади. За неговата реконструкција, адаптација и опремување во буџетот на МТСП биле обезбедени средства во вкупен износ од 3.167.224 денари, вклучително и средствата за новите вработувања на дополнителниот број стручни лица за неговите потреби.
Овој Центар го отвори Министерството за труд и социјална политика во соработка со Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“. Во наредниот период се планира отворње на уште еден ваков центар на територијата на Градот Скопје, како и отворање дневен центар за деца со аутизам во Штип.
Дечињата денеска ги посети и доктор Срѓан Керим кој донираше 60,000 денари за Центарот за деца со аутизам со цел да им се помогне на дечињата и да се подобрат услувите во кои го поминуваат времето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.