| четврток, 6 декември 2018 |

13 загинати во пожар во Бахреин

Огнот зафати трикатна зграда

pozar bahreinНајмалку 13 луѓе загинаа во пожар кој зафати една трикатна зграда, каде живееле странски работници во Манама, главниот град на Бахреин, соопштија локалните власти.

Стотици илјади странски работници, главно од азискиот потконтинент, работат во Бахреин, една од шесте заливски арапски држави богати со нафта, кои во најголем дел имаат работна сила од странство.

Еден пожарникар е повреден при гаснењето на пожарот, а неколку луѓе се спасени од огнената стихија. Причината за пожарот се истражува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top