| четврток, 6 декември 2018 |

Почна судењето против поранешниот директор на „Џумајлија“, Зоран Даневски

zoran danevski

Во Основниот суд во Штип денеска почнаа судењето на Зоран Даневски, поранешниот директор на „Џумајлија“. Нему му се судеше во отсуство за две судски постапки – злоупотреба на службената положба и даночно затајување на пресонален и данок на добивка за продажба на вино во АД „Џумајлија“. Портпаролот на Основниот суд во Штип, Стојан Михов вели дека Даневски како сопственик се товари бидејќи требало да плати 9 милиони денари за данок на добивка, но во УЈП уплатил само 170.000 денари.

– Со првиот дел од обвинението се товарат дека дале лажни податоци за приходите и расходите за прваното лице АД „Џумајлија“ од Свети Николе при што не пресметале и не платиле персонален данок од околу 18 милиони денари. Меѓутоа сето тоа ќе биде предмет на докажување – вели Михов.

Даневски е во Бугарија и не е достапени за тамошните истражни органи.

На денешново судење изјави дадоа стечајната управничка на АД „Џумајлија“ во стечај и инспектор на УЈП, судскиот процес ќе продолжи со извештаите на вештаците.

Даневски има шест кривични пријави, од кои три веќе почнаа да се водат во штипскиот Основен суд, а три се во Основниот суд Свети Николе, меѓу кои и за стоковите резерви за житни култури, каде штетата се проценува од околу еден милион евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top