| четврток, 6 декември 2018 |

Стариџ: Ќе дадеме сѐ од себе за Џерард да ја освои Премиер-лигата

Покрај тоа што титулата на Англија веќе 24 години го заобиколува „Енфилд роуд“ напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ, вели дека екипата е должна да го освои трофејот само поради капитенот Стивен Џерард, кој, и покрај бројните понуди, целата кариера ја помина во овој клуб.

– Доколку ја освоиме титулата, тоа ќе биде заслужена награда за нашиот капитен. Стивен мора да ја освои Премиер-лигата бидејќи даде многу за овој клуб. Секој играч ќе даде сѐ од себе за Џерард да стигне до таа цел. Му остана верен на клубот цел живот, тој е легенда. Еден од најдобрите играчи за врска во светот. Тој е вистински пример за секој млад фудбалер – изјави Стариџ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top