| четврток, 6 декември 2018 |

За помош на Томче

Томче Костадиноски, четиринаесетгодишно момче од населеното место Д. Седларце, боледува од Душенова мускулна дистрофија (ДМД).

И покрај сите извршени прегледи и лекувања во речиси сите  државни и приватни здравствени установи во нашата земја, констатирана му е мускулна дистрофија на ‘рбетот и колковите, за која кај нас нема соодветно лекување.

Членовите на семејството во потрага по соодветен третман се обратиле до Медицинскиот центар за матични клетки “ВУ’’, Болница Шижентенг во Пекинг, Кина од каде што добиле позитивен одговор, односно овој центар кој е докажан во лекувањето на овој вид заболувања, предлага четиринеделен третман за лечење на Томче.

Вкупните трошоци за операцијата и четиринеделниот третман на Томче, кој вклучува имплементација на матични клетки, дневна физиотерапија, третмани, општи медицински услуги, пат и сместување изнесува 45.000 долари.

Бидејќи семејството не е во можност да ги изнајде сите финансиски средства за лекувањето, упатува јавна молба до сите физички и правни лица кои се во можност да донираат соодветна финансиска помош, со која ќе му се помогне на младото момче повторно да зачекори и да ги почувствува благодатите на животот.

Сите уплати можете да ги направите на следнава жиро-сметка: 2107000006116-24 на Тутунска банка, за лекување на Томче Костадиноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top