Во престрелка во центарот на Белград е убиен Раде Ракоњац, поранешен телохранител на Аркан.
Оружениот инцидент се случил во белградската населба Автокоманда, а полицијата претпоставува дека станува збор за пресметка меѓу две криминални банди.
Според информациите што ги објавија српските медиуми, Ракоњац, кој инаку беше член на аркановата Доброволна гарда и беше тесноповрзан со многу луѓе од српското подземје, е убиен во кафуле во центарот на Белград. Според медиумите, во кафулето влегол еден од напаѓачите вооружен со автоматска пушка и испалил рафал кон Ракоњац. Во престрелката се повредени уште четири лица.
По пукањето, напаѓачите излегле од автомобилот и го запалиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Поради него мислат дека Аркан е жив: Постојано има проблем со цариниците (галерија)
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија