– Имаме големи планови овој бренд повторно да засјае во светлкото кое го заслужува. Затоа го избравме „Порше Македонија“ да биде наш нов стабилен партнер во таа амбициозна битка за освојување на пазарот. Очекуваме во 2014 година да постигнеме пазарен удел од 5 отсто. Со својата шпанска страст, „Сеат“ е во исто време добро позната шпанска и германска приказна. Тоа е силен израз на истовремено страсни перфекционисти и емотивни врвни техничари – рече Давид Албос, претставникот на брендот „Сеат“.
Со ова, „Порше Македонија“ на своето портфолио на брендови во кое влегуваат „Фолксваген“, „Ауди“, „Шкода“ и „Порше“, додаде уште еден корпорациски бренд.
-И по крај неповолната економска клима, тимот на „Порше Македонија“ успеа да ги одржи и дури и да ги подобри своите перформанси, зглемувајќи го уделот на пазарот за неколку поени. Тоа беше израз на брзата реакција на движеањата на пазарот и секогаш адекватен одговор на потребите на клиентите – изјави Винер Ројтер, претставник на „Порше Холдинг“.
Тој нагласи дека групацијата „Порше“ ја заврши 2013 година со позитивни резултати од продажба на нови возила која достигнала раст од 4,5 отсто а вкупниот приход достигнал повеќе од 16,3 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.