Американскиот производител на автомобили „Џенерал Моторс“ во 2005 година одлучил да не ја менува контакт-бравата на моторот, чиј дефект е
причина за смртта на 13 лица, поради дополнителен трошок од еден долар по автомобил, се наведува во интерниот документ на ЏМ доставен до американскиот Конгрес.
Американскиот Комитет за енергетика и трговија објави интерен документ на „Џенерал Моторс“, откако законодавците побараа од извршната директорка на компанијата Мери Бара, да објасни зошто компанијата не успеала да отповика 2,6 милиони автомобили во период од една деценија, откако е забележан проблемот со контакт-бравата што може да предизвика исклучување на моторот и блокирање на воланот и е причина за голем број сообраќајни
несреќи и најмалку 13 жртви.
Конгресменката од американската сојузна држава Колорадо, Дајана Дегете, претстави документ од „Џенерал Моторс“ од 2005 година, според кој трошокот за поправка по возило изнесува 57 центи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.