| четврток, 6 декември 2018 |

Се продаваат и кај нас: кинеските возила „грејт вол“ од Бугарија се опасни

Ова е веќе втор инцидент регистриран во Бугарија со возило„грејт вол“ од кинеската фирма што отвори своја фабрика во Бугарија заедно со „Литекс моторс“

11950986_10153582049613158_1562244705_nВеќе втор инцидент регистриран во Бугарија со возило „грејт вол“ од кинеската фирма, која отвори своја фабрика во Бугарија заедно со „Литекс моторс“.

Инцидентите, очекувано, и кај двете возила се предизвикани поради слаб квалитет на вградените материјали кај возилата, што е причина за сериозна штета и за доведување во животна опасност на патниците во возилото, предупредува „Високи октани“.

Инцидентот, како што е утврдено од страна на вешто лице, ангажирано од сопствениците на возилата што претрпеле сериозни сообраќајни незгоди, укажува на фабрички дефект на задната оска.

Имено, од слабиот квалитет на изработка на оската, таа се крши и бидејќи кршењето го оштетува целосно задниот пневматик, доаѓа до губење на контрола на возилот и излетување од коловозот.
11924679_10153582049768158_1641001376_n

Иако сериозен проблем, за кој веќе течат два судски спора, од страна на производителот не се преземаат никакви мерки да се повикаат возилата на замена на проблематичните делови, туку се игнорира, а одговорните во „Литекс моторс Бугарија“ молчат и не даваат никакви изјави ниту, пак, се соочуваат со проблемот.

Навистина лош старт на продажбата и на пробивањето на оваа кинеска марка во Европа, а, секако, вакви инциденти не смеат да бидат игнорирани од тие што работат на имиџот на компанијата.
11911571_10153582049668158_189530766_n

Да потсетиме дека марката е присутна и се продава и на нашиот пазар, па се надеваме дека сопствениците на овие возила нема да ги видиме во слична ситуација како прикажаните возила во Бугарија.
11911041_10153582049553158_669381000_n

Сепак се надеваме дека возилата ќе бидат отповикани од производителот пред следна катастрофа во која би имало и човечки жртви.

Во меѓувреме, будно ќе ги следиме сите вакви и слични случаи каде што во трка за клиенти, евтините материјали и изработка се причина за сообраќајни незгоди.
11909693_10153582049013158_1768402618_n

Сметаме дека толеранција за тоа не треба да има никаква и не смее ниту еден производител да си земе за право да загрозува човечки животи со цел остварување профит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top