Популарниот српски актер Драган Маринковиќ Маца, кој неодамна со своја претстава гостуваше и во Скопје, завршил во полициска станица, откако е утврдено дека возел автомобил со истечени регистарски ознаки, пишува „Ало“.
Тој бил сопрен од страна на полициски службеници кај градот Лозница во неделата околу 18:40 на рутинска патрола. Откако било утврдено дека неговиот автомобил не е регистриран, актерот бил приведен во полициската станица во Лозница каде веднаш ја платил казната од 6.500 динари.
Маринковиќ го негираше ова.
– Не знам за што зборувате. Побарајте на мојата официјална страница на „Фејсбук“ и на фотографиите видете што точно јас возев во неделата – изјавил тој за српските новинари.
Според фотографиите, Маца го возеше овој портокалов спортски автомобил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.