Вечерва на програмата од 20.45 часот се два четвртфинални натпревари од Лигата на шампиони, а ќе се сретнат Реал Мадрид и Дортмунд во реприза од минатогодишното полуфинале, како и ПСЖ – Челси.
Челси и ПСЖ во Лигата на шампиони не играле меЃу себе од 2003 година. Земајќи ја формата на овие две екипи, можеби овој дуел е најнеизвесен кога станува збор за поминување натаму. Со каков тим ќе излезе Клоп е најтешкото прашање пред овој меч.
Актуелниот вицешампион на Европа мака мачи со повредените играчи оваа сезона, а еден од најдобрите играчи на „милионерите“, Роберт Левандовски, е суспендиран. Реал минатата година во полуфиналето беше исфрлен од Дортмунд, па сега сигурно ќе сака да им се одмазди.
Вечерва се очекува отворен натпревар со многу голови. Во пресрет на дуелот во Париз, главни ликови се Златан Ибрахимовиќ, кој сезонава го предводи ПСЖ, и менаџерот на Челси, Жозе Мурињо. Овие двајца една сезона соработуваа во Интер. Мурињо со провокативната изјава дека ПСЖ игра во многу полесна лига од неговиот тим го налути колегата Лоран Блан.
„Ќе се обидеме да одиграме добро и на теренот да покажеме какво е нашето првенство во однос на нивното“, изјави Мурињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.