Доверлив документ на НАТО открива план за зајакнување на влијанието на Алијансата на Исток, објави онлајн изданието на германскиот весник „Шпигел“.
Планот претставен на седум страници, најмногу ги опфаќа Ерменија, Азербејџан и Молдавија. Тој предвидува серија практични мерки за зајакнување на контактите на НАТО со овие држави.
Во рамките на краткорочната цел за „промовирање на стабилноста во Источна Европа во актуелниот контекст“ се планира охрабрување на земјите од регионот да ја зголемат компатибилноста на своите армии со тие на Алијансата преку заеднички воени вежби и обука на персоналот. Трите земји, исто така, ќе бидат охрабрени да се вклучат во проектите на НАТО за „паметна одбрана“.
За секоја од земјите се предвидени индивидуални мерки за помош. Во Молдавија ќе се зголеми присутноста на НАТО, вклучително и испраќање во главниот град Кишинев на офицер за врска со Алијансата. Се разгледува и учество на Молдавија во силите за брзо реагирање на НАТО.
Со Азербејџан се предвидува првенствено зајакнување на соработката во областа на кибер и енергетската безбедност. Во Ерменија првенствена цел е обука на армијата.
Земјите членки на НАТО во документот наведуваат дека се ангажираат за зачувување на територијалната целост, независност и суверенитет на Молдавија, Азербејџан и Ерменија.
Сигналот кон Русија е јасен – НАТО нема да дозволи Москва да се обиде да изврши територијални нарушувања на друга држава по Украина, наведува „Шпигел“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток