| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона еден месец без Пике (видео)

Дефанзивецот на Барселона Џерар Пике ќе отсуствува од теренот еден месец, откако на вчерашниот меч во Лигата на шампиони против Атлетико Мадрид незгодно падна и го повреди кукот.

Покрај реваншот со „јорганџиите“ Пике ќе го пропушти и финалето на Кралскиот куп против Реал на 16. април.

Барселона се наоѓа во многу тешка положба, бидејќи поради повреди не можат да настапат Виктор Валдес и Пујол.

На истиот натпревар се повреди и напаѓачот на Атлетико Мадрид Диего Коста, а тежината на неговата повреда ќе се дознае наскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top