| четврток, 6 декември 2018 |

Грчките компании се против санкции за Русија

атина

Грчките извозни и туристички компании се огласија против евентуалните економски санкции кон Русија, јави ИТАР-ТАСС.

Овој став беше изразен на специјален состанок во грчкото Министерство за надворешни работи, посветен на евентуалните последици од украинската криза врз грчката економија. На состанокот учествувале претставници на министерствата за туризам, земјоделство, трговска морнарица и транспорт, како и на 14 грчки производители. Тие категорично се огласија против воведување нови санкции против Русија.

Според учесниците на состанокот кризата ќе се одрази на билатералните економски врски, преку намалувањето на курсот на рубљата, ограничување на грчкиот извоз и намалување на извозот на грчките овошје и зеленчук, а сериозни последици ќе претрпи и туризмот.

Претставници на туристичкиот сектор сметаат дека протокот на руски туристи на полуостровот Халкидики ќе се намали за околу 15 отсто поради кризата. Грција минатата година беше посетена од 1,4 милиони руски туристи, што е за 45,87 отсто повеќе во споредба со 2012 година. Секој руски турист во просек во Грција троши по 1.097 евра.

Според весникот „Нафтемборики“ трговската војна меѓу Европската унија и Русија ќе и на несе на грчката економија директни и индиректни штети од 7,5 милијарди евра, што е четири проценти од Бруто домашниот производ на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top