| четврток, 6 декември 2018 |

Силен земјотрес од 8,2 степени според Рихтеровата скала го потресе Чиле – најмалку 5 загинати

cile zemjotres

Најмалку петмина загинаа во силниот земјотрес со јачина од 8,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди северниот брег на Чиле, соопшти министерот за внатрешни работи на Чиле, Родриго Пеналиљо.

Настраданите биле од градовите Икикеа и Алто Осписија, а дел од нив почнале од срцев удар. Четириесет и пет минути по потресот брегот бил погоден и од цунами, но нема информации за евентуални штети.

 

Значителна штета немало ниту од потресот, освен што поради лизгања на земјиштата биле блокирани неколку патишта. Без струја останале неколку илјади луѓе, неколку објекти биле опожарени, а еден аеродром бил оштетен.

 

Земјотресот го искористиле 300 затворенички кои избегале од казнениот дом, а официјалните лица соопштиле дека во погодениот регион се испратени специјални единици на војската да го заштитат населението од грабежи.

cile2

Чиле е едно од најтрусните подрачја во светот. Во февруари 2010 година земјата беше погодена од земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала, а потоа и од цунами. Во оваа природна катастрофа загинаа 500 луѓе, а уништени беа 220.000 куќи.

 

 

Најсилниот земјотрес регистриран во Чиле изнесувал 9,5 степени по Рихтер во 1960 година и тогаш загинале повеќе од 5.000 луѓе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top