| четврток, 6 декември 2018 |

Грците бесни на Финска – Македонија под уставното име на Европското првенство во борење

borenje makedonija ep finska

Грчката делегација поднела приговор до надлежните органи на Европската боречка федерација поради тоа што нашата земја е претставена како Македонија на Европското првенство што почна вчера во Финска.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, предводникот на грчката делегација и член на Управниот одбор на грчката борачка федерација, Панајотис Векрис, поднел приговор до организаторот на првенството, „затоа што се користи името Македонија, наместо ФИРОМ, како што земјата е регистрирана во ОН“.

borenje makedonija

Сѐ уште нема одговор од организаторот, ниту има некаква објава на веб-страницата на првенството, дали е прифатен приговорот на грчката делегација.

Ниту грчките медиуми не јавуваат за некаков исход од жалбата. Македонија на Европското првенство во борење ја претставуваат Бобан Данов, Јасин Реџелари и Горан Атанасов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top