| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање на македонската граница – врие полиција во источна Македонија

Голема полициска акција денеска се спроведувала на неколку локации во источна Македонија. Како што дознава „Прес24“ од полициски извори, станува збор за акција во која се апсела поголема група шверцери на цигари.

Според нашите информации, во зелениот пограничен дел дошло и до пукање. Полициските службеници морале предупредувачки да употребат оружје за да ги запрат шверцерите што се обидувале да побегнат со џип.

Потерата завршила кога осомничените со својот теренец удриле во дрво, по што биле приведени. Од МВР потврдуваат дека спроведуваат голема полициска акција, но не откриваат повеќе детали. Велат дека за тоа јавноста ќе ја информираат во текот на утрешниот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top