| четврток, 6 декември 2018 |

Во 2013 година во авионски несреќи загинале 210 лица

Во авионски несреќи во текот на минатата година во светот загинале 210 лица, што претставува половина од просечното годишно ниво на жртви во последните пет години, соопшти денеска Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај
(ИАТА).

Како што јави ДПА, според податоците на Извршното биро на Асоцијацијата, чие седиште е во Женева, во 2013 година имало 81 инциденти со авиони, а 16 од нив биле со трагични последици.

Најголем пад во безбедноста на воздушниот сообраќај во минатата година имало во азиско-пацифичкиот регион, каде беа регистрирани 0,7 тешки инциденти на милион летови. Тоа е полош показател од просечните 0,64 за целиот период 2009-2013 година за регионот, покажуваат податоците на ИАТА.

Меѓу несреќите од минатата година се оние на авионот на јужнокорејската авиокомпанија „Ејжана ерлајнс“ во Сан Франциско со тројца загинати и 181 поврдени патници, како и паѓањето на авион на лаоската „Лао Ерлајнс“ во делтата на Меконг, кога загинаа сите 49патници.

Државите од поранешниот Советски Сојуз имаат најлоши показатели за минатата година со 2,09 тешки инциденти на еден милион летови. Според статистиката на ИАТА, ситуацијата со авиокомпаниите во Африка бележи значително подобрување, но нивните авиони се само за малку побезбедни во споредба со оние во поранешниот советски простор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top