НАТО соопшти дека прекинува „секаква практична цивилна и воена соработка“ со Русија поради руската окупација и анексија на Крим, јави ИТАР-ТАСС.
Одлуката е донесена на денеска започнатата дводневна средба на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел. Тие преку соопштение ја повикаа Русија „да преземе итни мерки за враќање кон почитување на меѓународното право“.
Алијансата, меѓутоа, одлучи да продолжи „да оддржува седници на Советот НАТО-Русија на ниво на постојани претставници и на повисоко ниво“, се со цел да ја задржи можноста од дијалог со Русија.
НАТО и Украина во заедничко сооопштение по средбата на нивните министри во Брисел, објавија дека ќе ја засилат соработката и ќе ги потикнат реформите во областа на одбрана во Украина преку тренизи и други програми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.