Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, на вчерашниот митинг во Струмица зборувајќи за инвестициите во слободните и економските зони, истакна дека претседателот Иванов ги поддржал сите закони за носење слободни економсми зони и за привлекување странски инвестиции.
– Денеска како резултат на таа поддршка и како резултат на трудот на Владата на Република Македонија и добрата бизнис-клима што ја создадовме низ овие години 15 фабрики веќе работат во македонските слободни зони, 7.500 работни места се отворени во тие зони. Се надеваме дека во иднина ќе имаме уште фабрики, уште работи места затоа што тоа им треба на младите, тоа им треба на сите невработени и тоа ќе помогне да се подобри животот на граѓаните на Република Македонија – порача Ставрески од Струмица.
Претседателот Иванов, посочи Ставрески, давал поддршка за носење на што поголем број на странски инвестиции во Македонија и отворање нови работни места.
– Иванов го праша народот што тој сака претседателот да прави и каде ја вложи сопствената енергија. Во рамките на сопствените ингеренции претседателот Иванов даде поддршка за сите проекти на Владата на Република Македонија што беа корисни за граѓаните, корисни за народот. Секаде каде што можеше ни даваше поддршка, секаде во сите земји каде што одевме, било сам било со нас, зборуваше за Македонија како земја во којашто има добри услови за водење на бизнис за да донесеме повеќе инвестиции и да отвориме работни места, бидејќи само преку инвестиции и рабтни места и преку голема поддршка за земјоделството можеме да го подобриме животниот стандард на граѓаните и ние тоа го знаеме. И целата наша работа и работата на претседателот е посветена кон таа цел – истакна Ставрески пред струмичани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме