| четврток, 6 декември 2018 |

Поради продажба на неисправни возила, ќе биде сослушана директорката на „Џенерал Моторс“

 гм

Директорката на американскиот автомобилски гигант „Џенерал моторс“, Мери Бара денеска ќе биде сослушана во Конгресот за работењето во изминатите десет години во текот на кои компанијата продала неколку милиони неисправни возила.

Сослушувањето доаѓа откако вчера „Џенерал моторс“ објави дека повлекува уште 1,3 милиони возила во САД поради можни проблеми со серво управувачот.

– Не знам зошто требаше толку време да соопштиме дека постојат технички проблеми на возилата, но секако ќе ја исправиме грешката – изјави Мери, пред сослушувањето.

Денеска ќе биде сослушан и високиот претставник на американската Агенција за безбедност во сообраќајот, Дејвид Фридмен.

Компанијата очекува загуба од околу 750 милиони долари во првата четвртина од годината поради повлекувањето на возилата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top