| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски го откажа учеството на конференцијата против геноцидот во Брисел

_Upload_Vesti_Nikola_poposki_201412215252

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денеска го откажа учеството на Меѓународната конференција против геноцидот, што во организација на Кралството Белгија се одржува во Брисел.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, шефот на македонската дипломатија од објективни причини го откажа учеството на конференцијата на која домаќин е белгискиот заменик-премиер и министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс, а присутни се и генералнито секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, грчкиот шеф на дилпоматијата Евангелос Венизелос, Словакот Мирослав Лајчак и дузина други министри за надворешни работи, амбасадори и дипломати од голем број земји ширум светот.

Во отсуство на Попоски, Македонија на големиот настан, денеска ја претставуваа амбасадорот во Кралството Белгија, Лазе Еленовски и министерот-советник во амбасадата, Даим Илјази.

Со порака дека геноцидот се уште е присутен во голем број земји на планетата земја, пред се во некои држави од Африка, присутните на денешната конференција испратија порака за почитување на човековите права и меѓународното право насекаде низ светот. Присутните потсетија на најголемите геноциди во 20-тиот век, оној во Сребреница и во Руанда, апелирајќи истите никогаш да не се повторат и човековите права да се издигнат на највисок пиедестал насекаде на планетата.

– Заедничка стратегија во рана фаза е клучно за успешна мисија во спречување на геноцидот. Тажно е дека денеска се уште се соочуваме со прекршување на човековите права насекаде во светот, а илјадници луѓе се убиваат. Меѓународната заедница мора да научи од минатите неуспеси и да не дозволи тоа да се повтори – порача словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак.

Македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Попоски, утре во Брисел ќе учествува на состанок на НАТО-сојузниците со земјите-контрибутори во мисиите на Алијансата, во рамки на состанокот на министри за надворешни работи што започнува денеска, а со главна точка на расправа – настаните во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top