По повод Светскиот ден на аутимзот, утре, 2 април, со почеток во 19 часот во Музејот на македонската борба ќе се одржи културно-уметнички настан „Тие не се сами, ние сме со нив“.
Во рамки на едночасовната програма ќе настапат ученици од посебните основни училишта „Златан Сремац“ и „Иднина“ од Скопје, студенти од Факултетот за музичка уметност од Скопје, ученици од МБУЦ „Илија Николовски Луј“ и ансамблот „Танец“.
Настанот е во организација на Македонско научно здружение за аутизам, а помагател е Музејот на македонската борба.
Македонско научно здружение за аутизам се занимава со проблематиката на аутистичниот спектар на нарушувања и е првото професионално здружение за оваа проблематика во Македонија со 14-годишна традиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.