Дом. Право или привилегија? Сигурност или неизвесност? Трошна куќа или стабилно огниште? За овие прашања ќе се разговара на настанот насловен „Дом, за да не ни тежат облаците“, кој ќе се одржи утре, 11 декември, на Архитектонскиот факултет во Скопје, а во чии рамки ќе биде промовиран новиот, 13. број на уличното списание „Лице в лице“.
Настанот е расчленет на повеќе делови. Почнува со трибина со наслов „Домувањето е право“ која е закажана за 18 часот и која ќе се одржи во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет, а која е организирана во соработка со „Хабитат Македонија“. Потоа е промоцијата на новиот број на „Лице в лице“ и ќе се доделуваат наградите за најуспешните учесници на конкурсот „Мојот дом“.
Најуспешните продавачи на „Лице в лице“ за изминатиов период, исто така, ќе добијат награди и ќе бидат дополнително мотивирани со наградите кои платформата за активизам ги обезбеди во соработка со „Хабитат Македонија“.
Изложбата на студентите од прва година на Архитектоснкиот факултет, насловена „Моментни живеалишта“, ќе биде отворена од 20 часот, кога ќе следи и дружење со гостите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Предлог на Катругалос до Димитров: Прослава по ратификацијата на Договорот од Преспа
-
Не им кажале дека ќе бидат дел од прославата за НАТО, сега сакале – не сакале, ќе мора да пеат
-
ДОМ: Зошто Уставниот суд не постапува по пријавите за скандалозните ДУП-и во Карпош?
-
Се извини кафулето од каде беа избркани продавачите на „Лице в лице“