| четврток, 6 декември 2018 |

Шок за Атлетико, Диего Коста се повреди пред дуелот со Барса во ЛШ

Атлетико Мадрид е соочен со голем проблем бидејќи е неизвесно дали нивниот најдобриот напаѓач Диего Коста ќе може да настапи на натпреварот против Барселона. Во првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампиони „јорганџиите“ вечерва гостуваат на „Камп ноу“.

Шпанскиот репрезентативец, поради болки во коленото, по само пет минути го напуштил последниот тренинг пред натпреварот, кој ќе се одигра во вторник.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, на новинарите им изјавил дека неговата рехабилитација ќе биде „трка со времето“.

– Разговарав со лекарите, ќе видиме каква е состојбата со неговото колено и потоа ќе донесеме одлука. Ќе биде тешко тој целосно да закрепне, но, сепак, до почетокот на мечот има доволно време. Дали ќе игра, ќе решиме пред почетокот на дуелот – рекол Симеоне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top