– Не само според мене, според сите, па дури и според политичкиот противник, јас бев најизвесниот победник од цела Македонија на претстојните локални избори. Но, денеска во Македонија многу луѓе кои ја имаа мнозинската поддршка од своите сограѓани не се на кандидатски листи за претстојните избори. Тоа не е жално и нефер за таквите кандидати, туку е многу лошо, трагично и со непоправливи штети за опшеството во кое живееме и за целата наша земја. Сите знаат, ама апсолутно сите во Македонија, дека тоа што се случува во нашава земја не е здраво, не е добро, не е во ред. Друго прашање е дали сите признаваат дека актуелниот момент во нашава земја навестува лоша иднина. Јас денеска не поднесов кандидатура како што не поднесе ни политичката опција на која што и припаѓам, изјави Заев.
Заев упати апел до власта за нов дијалог со кој би се нормализирала состојбата во земјата.
– Испраќам силен апел за седнување на маса, за разговор, за дијалог. Никогаш не е доцна за тоа. Одговорноста за иднината е огромна и не може ниту ние од опозицијата, а уште помалку вие од власта да избегате од неа, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.