
Полско-американскиот конгрес (ПАК), глас на повеќе од 12 милиони Американци со полско потекло, испратија писмо до претседателот Обама повикувајќи на негова безусловна поддршка за целосно членство на Македонија во НАТО на Самитот во Британија, соопшти Обединетата македонска дијаспора.
Во писмото до претседателот Обама, ПАК јасно ја искажува својата загриженост дека проширувањето мора да стане приоритет на годинашниот самит.
– ПАК силно верува дека проширувањето на НАТО во Централна и во Источна Европа ќе ја засили безбедноста во регионот, а во однос на моменталната криза во Украина и во Крим, посебно со навлегувањето на Русија во регионот, чувствуваме дека е потребно НАТО да ги отвори своите врати оваа година на нашите сојузници како што е Македонија – се вели во изјавата на претседателот на ПАК, Френк Џ. Спула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток


