
Карванот на СДСМ денеска продолжи со средби со жители. Претседателот Зоран Заев и заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска денеска во Пепелиште, неготинско, на земјоделците им ветија повеќе субвенции и нула земјоделски данок.
-Јас ќе ја имам честа во наредните четири години да ја водам Владата. Но, јас потекнувам од земјоделско семејство од село Муртино и јас добро ги знам маките и проблемите на земјоделците. Ако сака нека пукне Груевски, но јас знам како да обезбедам поголеми субвенции и знам какви мерки да се преземат за зголемување на земјоделското производство, рече лидерот на партијата, Зоран Заев.
Потпретседателката на СДСМ, Шекеринска рече дека во СДСМ има нова екипа, имаат чесна програма со остварливи идеи.
-Ние кога ќе ја предводиме владата, нема да трошиме по 500.000 евра за три фонтани или за десет споменици. Ги знаеме приоритетите кои се. Ако во Пепелиште проблем е водата, тогаш тоа ќе биде првиот приоритет за вашето село, рече Шекеринска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


