| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Политиката и моќта не го променија Иванов

– Иванов е човек кој остана ист, остана со народот. Тој и е истио оној човек кој го познававме од претходно. Политиката и моќта воопшто не го променија –  истакна вечерва премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот во Струмица.

Тој нагласи дека Иванов останал истиот човек, отворен, чесен и стабилен. Груевски ја потенцираше и силната меѓународна дипломатија на актуелниот и кандидат за иден претседател на Македонија.

– Иванов секогаш беше подготвен да дискутира, да разговара и да ги поддржи добрите идеи – рече Груевски.

Тој потенцираше дека во изминатите пет години државниот врв во Македонија имаше единство.

-За пет години државниот врв имаше единство. Навистина е убаво кога државниот врв знае да го изнајде вистинскиот начин за единство, да ги стави на маса сите идеи и да даде поддршка на оние најдобрите – додаде Груевски пред приврзаниците во Струмица.

Груевски уште еднаш ја нагласи својата посветена и чесна работа во извршување на своите претседателски функции во текот на првиот претседателски мандат, како што е управувањето со Армијата на Македонија и изборот на амбасадори на земјава во целиот свет.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги спомена и сите оние политички опоненти и противници кои имаа неуспешни обиди за негова дестабилизација, преку многу навреди и клевети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top