| четврток, 6 декември 2018 |

Шекеринска меѓу жителите на Росоман, Марена и на Ваташа

Караванот на СДСМ, предводен од заменик претседателката Радмила Шекеринска, денес, ги посети жителите на Росоман, Марена и на Ваташа.

Шекеринска на жителите на Росоман им ја објасни стратегијата на СДСМ, субвенции пред сезоната на производите, за да може успешно да ги пласираат потоа. Новата програма на СДСМ предвидува навремени и сигурни субвенции како  и контрола од страна на државата врз откупувачите затоа што тоа што ќе се земе треба да се плати.

0% персонален данок за земјоделците, за да им олесниме на оние кои најтешко заработуваат, а заработуваат од својот труд.

Шекеринска се обрати и пред жителите на Ваташа и Марена и им објасни дека во новата програма на СДСМ има решение и за проблемот со извршни решенија за сметки стари повеќе од 10 години. Застарени сметки нема да може да се извршуваат, а ќе се намалaт и извршителските трошоци, порача таа.

Ќе се воведе и задолжителна опомена пред да се достави казна која ќе ја намалиме за 50 %, истакна Шекеринска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top