| четврток, 6 декември 2018 |

Стоилов сигурно го пропушта собирот со репрезентацијата, Георгиевски неизвесен

Стојанче Стоилов сигурно ќе го пропушти собир на македонската репрезентацијата во Охрид, во рамките на ИХФ неделата, додека учеството на Гоце Георгиевски сѐ уште е неизвесно.

Стоилов вчера предвреме го заврши реваншот со Хамбург по кој Вардар се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Деталниот лекарски преглед е закажан за утре, по што ќе се знае дали и евентуално колку ќе паузира. Од РК Вардар ја информирале Ракометната федерација на Македонија дека тој нема да може да учествува во македонската репрезентација во овој период.

Стоилов е трет играч кој нема да биде на собирот во Охрид, по капитенот Кирил Лазаров и голманот Борко Ристовски.

Неизвесно е, дали и крилото на РК Металург, Гоце Георгиевски ќе биде на располагање на селекторот Ивица Обрван. Како и Стоилов, така и Георгиевски вчера се здоби со повреда на коленото во реванш дуелот против Колдинг кој мораше да заврши пред време.

Според информациите од РК Металург, Георгиевски вечерва треба да направи лекарски испитувања, по кои детално ќе се знае неговата здравствена состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top