Косовската полиција идентификувала и уапсила двајца Албанци од Скопје, кои заедно со уште еден нивен сограѓанин, кој е во бегство, уценувале девојка од Приштина.
– Тројцата, на жртвата Д.Н. од Приштина, во компјутерскиот систем ѝ ја блокирале лозинката на нејзиниот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“. За да ѝ ја вратат страницата, ѝ побарале, најпрво 600 евра, а потоа еден килограм злато. Доколку не го сторела тоа ѝ се заканиле дека ќе преземат порадикални чекори – пренесува порталот Коха.нет.
Скопјаните биле уапсени на улица „Хилми Раковица“, а истражен судија им изрекол притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе те кажам на мажот: Полицаец уценувал тетовка откако таа одбила да ја продолжи врската со него
-
Каменос: Скопјаните да сфатат дека се Бугари
-
Кривична за млад гостиварец: Ја уценувал својата девојка дека ако не му се смири, ќе објави нејзини експлицитни слики
-
Скопјани си најдоа ново место за бесплатен паркинг! (фото)