| четврток, 6 декември 2018 |

„Порше“ ја презема продажбата на „сеат“ од „Кадис“

порше

Од утре и официјално автомобилите на „Сеат“ во Македонија ќе ги продава „Порше Македонија“, а не досегашниот дилер, компанијата „Кадис“ на семејството Каленикови.

Оваа корпорациска одлука во групацијата „Фолксваген“ била донесена на глобално ниво уште пред шест месеци.

Браќата Каленикови остануваат да бидат дилери на „рено“, „нисан“ и „дачија“. Златко Муцунски, директорот на „Порше Македонија“, сега е застапник на уште една марка, „сеат“, покрај веќе постојните „порше“, „ауди“, „шкода“ и „фолксваген“.

Извор: Телеграф

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top