Бројот на работници во индустријата во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 6,8 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 0,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,7 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9 отсто, Капитални производи за 75,4 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,4 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1,8 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.