Претседателот на Српското движење за обнова Вук Драшковиќ денеска оцени дека зад сите политички убиства кои ги организирала и извршила службата на државната безбедност на Слободан Милошевиќ стои самиот Слободан Милошевиќ и дека сега постои политичка волја целата пирамида на злодела да се претстаци на народот.
Драшковиќ рекол дека не може да се убива по ничија наредба туку само по наредбата на првиот во државата, а тоа беше Милошевиќ и потсети на убиствата на неколку лица, како и обидот за атентат врз него во Будва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.