| четврток, 6 декември 2018 |

Важна победа за Њујорк, Дурант му дише во врат на Џордан

Њујорк никс оствари важна победа во борбата за осмото место во источната конференција откако на гости со резултат 89-84 го совлада Голден стејт вориорс.

Осмата позиција моментално ја има Атланта Хоукс, која е во лоша форма и забележи шест последователни порази и сега разликата меѓу Никс и Атланта е само една победа. Џеј Ар Смит беше најефикасен играч на Њујорк со 21 поен, Кармело уфрли 19, додека, пак, Амаре Стодемаер постигна 15 поени и 13 скока. Најдобар во екипата на Вориорс беше Стефон Кари со 32 поена.

Оклахома на домашен терен очекувано ја победи Јута со резултат 116-96, а Кевин Дурант е сѐ поблиску до рекордот на Џордан.

Дурант натпреварот го заврши со 31 поен и со тоа дојде до само два натпревари од рекордот кој го држи Мајкл Џордан кога станува збор за натпревари со постигнати преку 25 поена.

Џордан го држи рекордот со 40 последователни натпревари, додека Дурант против Јута дојде до бројката 38 и сѐ е поблиску до уривање на рекордот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top