Понеделник носи пријатно и сончево време со сосема малку облаци. Првата половина од денот ќе биде тивка, без ветер, а во втората половина од денот ќе дува слаб северозападен ветер.
Според meteopro.mk, дневниот максимум ќе биде во дијапазонот помеѓу 17 Целзиусови степени и 20 Целзиусови степени во поголем дел од населените места, а на југоисток околу 21 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува претежно сончево време. Попладне и вечер ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе има вредност околу 4 Целзиусови степени, а максималната околу 20 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.