| четврток, 6 декември 2018 |

Петарди, знамиња и жива музика за Вардар и за Металург

Ако попладнето највесело и најзвучно беше во скопската населба Автокоманда каде што се прославуваше победата на Металург во Копенхаген, вечерва прославата се прошири низ цело Скопје.

Во скопските населби Влае, Козле, Дебар маало и други места се слушаат петарди откако и вториот македонски тим против европскиот шампион Хамбург се пласираше во ракометната Лига на шампиони.

Највесело е во таканаречената „боемска“ улица во Дебар маало, каде што со жива музика се слави пласманот на Вардар меѓу осумте најдобри екипи на стариот континент.

За време на мечот, како ретко кога, на дел од становите каде што живеат навивачи на најуспешниот македонски клуб се вееја клупското и државното знаме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top