Две цркви во кичевско викендов биле мета на крадци.
Крадци,викендов ограбија две цркви во кичевско. Од црквата „Св.Ѓорѓија“ во селото Белица, е украдена една икона, додека пак од црквата „Св.Ѓорѓија“ во село М.Црско сè уште не се знае што е украдено.
Крадецот во црквата во село М. Царско, прво го скршил цилиндерот од влезната врата од црквата, влегол внатре, кадешто пронашол копач и со него насилно ја отворил дрвената врата од иконостасот, но дали се одземени предмети дополнително ќе биде констатирано, а ќе се утврдува и материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



