| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот советник на Путин, Андреј Иларионов, тврди: Шефот на Кремљ сака да ги покори и Белорусија и Финска!

Владимир Путин смета дека само го штити тоа што му припаѓа, а тука спаѓаат и делови од Грузија, Украина, Белорусија, балтичките држави и Финска, тврди Андреј Иларионов. Поранешниот соработник на Путин тврди дека по анексијата на Крим, Путин нема намера да застане, туку да ги покори и Белорусија, балтичките држави и Финска.
Иларионов, кој од 2000 до 2005 година беше главен советник на Путин за економски прашања, вели дека во тој период добро го запознал претседателот и дека неговите зборови треба да се сфатат сериозно.

– По анексијата на Крим, можна е инвазија на источниот дел на Украина, а пота тој ќе се обиде да ги покори и Белорудија, балтичките земји и Финска. Целта му да ја задоволи историската правда и границите на Русија да ги врати онаму каде што биле за време на царот Николај Втори и СССР под Сталина – истакнува Иларионов.

Кога станува збор за Финска, тој тврди дека во случајот со нејзиното „покорување“ Русија ќе тврди дека никогаш не смеела да стане држава и дека нејзиното осамостојување е „велепредавство од национален интерес“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top