– Нема ништо тајно, едноставно доаѓам да се видиме и да поразговараме, без почести и помпезности. Да седнеме како пријатели и да поразговараме. Мислам дека тоа е добар, а не лош гест- изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој денеска доаѓа во Македонија. Тој доаѓа во придружба на шефот на дипломатијата на Бугарија, Николај Младенов.
Попладнево ќе на неформална средба со претседателот на македонската Влада, Никола Груевски
-Средбата е во функција на унапредување на добрососедките односи, јакнење и продлабочување на соработката меѓу двете земји, информираше денеска Александар Ѓорѓиев, потпаролот на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.