Шестмина луѓе се убиени денеска во судирите меѓу групите што поддржуваат противнички кандидати на локалните избори во Турција, кои многумина ги сметаат за референдум за популарноста на премиерот Реџеп Таип Ердоган, кој е соочен со антивладини протести и голем скандал.
Безбедносните сили соопштија дека четири лица се убиени во вооружен судир меѓу две семејства во селото Јуваџик во источната провинција Санлијурф, која се граничи со Сирија, пренесува „Ројтерс“ со потсетување дека до слични судири доаѓаше и на претходните локални избори.
Во провинцијата Хатај, која, исто така, се граничи со Сирија, две лица загинаа во вооружен судир меѓу двајца родници на кандидатите во селото Голбаси, соопштија неименувани извори. Станува збор за кандидатите за локални пратеници, наведува британската агенција.
Тензиите се зголемија во Турција во пресрет на денешните избори, на кои повеќе од 50 милиони избирачи ќе гласаат за градоначалници и локални пратеници на речиси 200.000 избирачки места.
Избирачките места прво беа отворени во источна Турција, а подоцна и во западниот дел на земјата. Ова се први избори откако полицијата во јуни жестото се пресмета со демонстрантите кога беа убиени осуммина луѓе, по што следуваа месеци на политички хаос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Зелените партии со најголеми изборни победи во Западна Европа викендов


