Мендух Тачи, лидерот на ДПА ќе биде кандидат за градоначалник на Тетово – изјавуваат извори од ДПА, за „Република“. Според неофицијалните информации до кои дојде „Република“, на конвенцијата ДПА закажана за денеска, во шест часот попладне во салата Борис Трајковски, можно е промена на кандидатската листа на ДПА за оваа општина. Според неофицијалните информации се очекува одлука според која како кандидат за градски татко на Тетово да се појави Мендух Тачи, а не сегашниот градоначалник Сади Беџити, за кој беше најавено дека ќе влезе во трка за втор мандат.
-Очекуваме ваква одлука да биде донесена денеска. На Беџети не му беше откриено дека Тачи ќе биде кандидат, за да се спречи негова евентуална независна кандидатура – велат партиски извори за „Република“.
Причина за ова е фактот што рејтинг анализите покажале дека Тачи ужива поголема доверба кај тетовчани. Дали повисокиот рејтинг на лидерот ќе го тргне засега официјалниот кандидар Беџети од официјалната листа која ќе биде поднесена денеска?
Беџети уште во октомври ја промовираше неговата кандидатура, а вети дека ќе ги реши сите проблеми кои и сега постојат во Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.