Првпат по мистериозното исчезнување на „боингот“ со 239 патници и членови на екипажот проговори сопругата на пилотот, Захари Ахмед Шан, за кого медиумите пишуваа дека соработувал со терористичка организација.
Инспекторите во Малезија и натаму се убедени дека авионот не свртел од својот пат поради дефект, туку дека тоа некој намерно го направил, а на врвот на списокот на осомничени е токму пилотот Захри. По три недели, инспекторите го посетија семејството на главниот пилот за да дознаат нешто повеќе за неговиот живот и за однесувањето пред кобното полетување.
Неговата сопруга Фаиза Канум Мустафа Кан рекла дека две недели пред кобниот лет, Захари воопшто не сакал да разговара со неа и дека своето слободно време го поминувал на куќниот симулатор за летање.
– Потполно се затвори во себе и воопшто не сакаше да разговара со мене – рекла неговата сопруга, која била во брак со пилотот 30 години, но извесно време нивната врска била во криза.
На почетокот сопругата ја отфрлаше можноста Захари да е одговорен за исчезнувањето на авионот, но во текот на испрашувањето признала дека во последните неколку месеци навистина се однесувал чудно.
– Воопшто не можевме да се разбереме и беше мошне нервозен – додала Фаиза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


