| четврток, 6 декември 2018 |

Бриселски ултиматум: Од сите држави-кандидати за ЕУ очекуваме да бидат на наша страна

Поради кризата со Украина и ескалацијата на односите меѓу Западот и Русија, од Брисел порачуваат до сите земји-кандидати за ЕУ да застанат на нивна страна. Србија деновиве добила порака: „Сфатете веќе еднаш, не сте веќе членка на организацијата на неврзаните. Одлучете или сте за Русија или за ЕУ“.

– Ние не сме организација на неврзаните, туку сме Унија која дели исти вредности. Лесно е да се биде добар и со брисел и со Москва доколку меѓусебно се во добри односи тие две држави. Но, во моментов нештата драматично се менуваат и од сите кандидати очекуваме да бидат на наша страна – вели еден висок службеник во ЕУ додавајќи дека и во Унијата има држави што се во одлични односи со Русија, кои имаат поголема трговска размена со Русија отколку со која било земја-кандидат и многу повеќе пари во банки од Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top