
Победникот на регионалниот Икс фактор, Даниел Кајмакоски, вчера по пристигнувањето на скопскиот аеродром направи селфи фотографија со својот мобилен телефон. Даниел застана пред толпата обожаватели собрани на аеродромот „Александар Велии“ и побара сите да кренат раце. Се фотографираше сам со многуте обожаватели кои буквално ронеа солзи од радост што се сретнаа со својот миленик. Селф фотографијата Кајмакоски ја објави на неговата фејсбук страница која брои над 300 000 фанови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


